Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

УЈП со убава вест за граѓаните што скенираат фискални сметки

Управата за јавни приходи информира дека прилагодената верзија на апликацијата МојДДВ, од денес е достапна и на Google playstore.

-Корисниците на апликацијата, треба првин на направат ажурирање (update) на МојДДВ на playstore, а потоа да се најават на апликацијата и во делот ,,профил,, во прозорчето ,,тип на баркод скенер“ да одберат „напреден“

Управата за јавни приходи, исто така информира и дека е во тек исплатата на дел од ДДВ, изразено во фискалните сметки кон корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тримесечје од 2022 година, а секој корисник може да ја провери состојбата на исплата од МојДДВ на својот кориснички профил на www.epdd.ujp.gov.mk.

Можеби ќе ве интересира

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

ДЕСК

Работна средба на заменик-министерот Ристески со винариите од Здружението „Вина од Македонија“

ДЕСК

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2026 година

ДЕСК