Centar.mk
БИЗНИС

Скенирате фискални сметки? Важна информација од УЈП

Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер на скенирање на фискални сметки. Прилагодената верзија на Мој ДДВ е веќе достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery а за Playstore се очекува во најбрзо време одобрување од страна на Google. Корисниците на на апликацијата МојДДВ ќе треба првин да направат ажурирање ( update) на апликацијата на apple Appstore/Huawei gallery, а потоа да се најават во апликацијата во делот „Профил„ во прозорчето „Тип на баркод скенер“ наместо, „основен“ повторно да одберат „напреден “.

МојДДВ е мерка за граѓаните и средствата од таа мерка се враќаат кај граѓаните. УЈП, веќе ја почна исплатата на средства за корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тромесечје, односно, во месеците април, мај, јуни 2022 година, и по тој основ на сметките ќе бидат исплатени 550 милиони денари, како поврат од МојДДВ.

Можеби ќе ве интересира

Серијата Galaxy Buds4 ја зголемува јасноста на повиците со HD Voice

ДЕСК

Споделувајте по ваши правила со Galaxy S26 Ultra

ДЕСК

Нафтените гиганти го предупредуваат Трамп: „Кризата ќе ескалира, постои само едно решение“

C +