Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Костадиновска Стојчевска: Како министерка нема да цензурирам или ограничувам ниеден уметник

„Како министерка, се додека сум јас на тоа место, нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството за култура. Исто така, сакам да сум апсолутно јасна, додека сум јас министерка, нема да има простор да се ограничува или насочува кој било уметник на кој било начин, тоа е против сите мои лични и пред сѐ професионални уверувања“ напиша министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска на Фејсбук.

Таа објаснува дека доколку нејзината изјава, која била слободно толкувана во медиумите повредила чувства, порив, мотив или обид за творење дека ѝ е жал, но нејзината намера апсолутна не била да насочува или ограничува.

„Цензурата е одлик на минати општества или минати власти и неа не и е местото во 21век, во земја кандидат за полноправно членство во ЕУ. Цензурата е феномен кој се коси со демократијата и слободата на говор во која денес и тоа како уживаме. Токму затоа, мојата изјава започнува со зборовите ‘Слободно нека творат’“ пишува Костадиновска Стојчевска.

Министерката додава дека слободата на уметникот е огромна и неприкосновена и никој не може да ја ограничи.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД ПРАЗНИКОТ ПРОВЕРЕТЕ ГО КАЛЕНДАРОТ: Еве кои неработни денови следуваат до крајот на 2026

ДЕСК

ПЕТОК И САБОТА ПОМИРНИ, НЕДЕЛА СО ПРЕСВРТ: Се враќа нестабилното време

ДЕСК

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК