Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Македонската иднина е европска, ја реализираме стратешката цел – членство во ЕУ

Соопштение на СДСМ:

Со првата меѓувладина конференција и со скрининг процесот и официјално ги започнавме преговорите за членство во ЕУ, нешто што го чекавме 17 години.

Македонскиот јазик е со чиста формулација, без фусноти и додавки, а историските прашања се надвор од процесот на преговори, во ЕУ влегуваме како Македонци кои говорат македонски јазик.

Тоа е потврдено и од страна на Европската комисија и преку првата меѓувладина конференција.

Со ова пропаднаа сите лаги околу формулацијата на македонскиот јазик, сите лаги за наводна асимилација и бугаризација што хистерично ги ширеа ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

СДСМ преку парламентарното мнозинство и Владата што ги предводи, покажа како се заштитуваат идентитетските прашања и истовремено се реализираат клучните стратешки цели на државата.

Македонската иднина е европска и нема да дозволиме никој да ја загрози.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТУВА ТЕЖОК СЛУЧАЈ: Новородено бебе било дадено на незаконско посвојување за пари и бенефиции

ДЕСК