За прв пат во историјата, идеја и говорник од Балканот завршија во „избор на уредникот“ (editor’s pick) на официјалниот канал на TED на YouTube, рангирајќи го во првите 0,5% од 19.700 говори на глобално ниво.
Во ноември 2021 година, швајцарско-македонскиот претприемач и основач на „Social Friday”, Фикрет Зендели, зборуваше на TEDxZurich. Тоа беше првпат светската публика да слушне гостиварски дијалект на таа сцена. Исто така, Зендели е единствениот Албанец промовиран на глобално ниво од организацијата TED и се приклучува на друштвото на други познати говорници како Бил Гејтс, Илон Маск, Ал Гор и Бил Клинтон. Конференцијата на TED е најпознатата платформа за споделување иновативни идеи со глобално влијание. Видеата од TED се преведени на повеќе од 100 јазици.
Тешко се менуваат корпоративните правила и рутини. Откако претприемачите ќе најдат „формула“ за монетарен успех, тие се држат до неа, без разлика на сѐ. Тие би рекле „зошто да го поправаме, ако не е расипано“. Зендели го предизвика токму тоа прашање.
„Студијата за продуктивноста која опфати 10 развиени земји, како САД, Германија, Велика Британија и високопродуктивната Швајцарија го потврдува она што сите ние, повеќе или помалку го знаеме;“ рече Зендели на сцената на TED: „Петок попладне е универзално најнепродуктивното време во неделата“.
Според Зендели, „Време е да се предизвика овој статус кво и да се искористат овие факти за подобро општество и поздрава економија“. Успехот на една личност не треба да се мери со тоа колку заработиле, туку со тоа колку можат да возвратат и да влијаат на заедницата на подобро.
Неговото решение е Social Friday (https://socialfriday.org/), глобална иницијатива за корпоративна општествена одговорност што ги активира компаниите, организациите и универзитетите да се организираат и да посветуваат четири петоци секоја година (по еден во секој квартал) на волонтирање за локална социјална кауза. Оваа идеја, родена тука и која сега прераснува во глобална иницијатива, произлезе како резултат на еден напис за истражување направено од Бритиш Ервејс, кое покажа дека мнозинството вработени едноставно се исклучуваат во петок попладне.
Организацијата TED го препозна концептот како „вреден да се сподели“. Во ноември 2021 година Зендели беше поканет да ја инспирира масовната публика на TED со неговата мисија да ја подигне свеста, да се бави со социјалните прашања и да го трансформира корпоративниот циклус, од циклус на квартални извештаи во циклус на организирани дела на великодушност.
Организацијата TED го истакна говорот на Зендели во својот месечен допис до претплатниците на TEDx, затоа што претставува вредна и навремена идеја за нејзината глобална публика. Ова значи дека концептот на Social Friday ќе стигне до 35 милиони претплатници на TEDx и ќе отвори уште повеќе можности за раст на иницијативата.
За да го погледнете овој влијателен говор на официјалниот YouTube канал на TEDxZurich кликнете овде (Ајде заедно одново да го измислиме петокот!)