29.8 C
Скопје
10. август 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

„Носи кацига-вози одговорно“ – Превентивна активност на ОВР Радовиш

Безбедноста во сообраќајот е битен сегмент во работењето на Секторот за внатрешни работи Струмица, а со тоа и на Одделението за внатрешни работи Радовиш. Како резултат на низата преземени превентивни мерки и активности во 2021 година на подрачјето на СВР Струмица евидентирано е намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи за 50% споредбено со 2020 година, а на подрачје на ОВР Радовиш во 2021 година не е регистрирана ниту една сообраќајна несреќа со смртни последици.

И покрај ваквата состојба, СВР Струмица – ОВР Радовиш продолжува со превентивни мерки кои Министерството за внатрешни работи ги реализира во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност во рамките на планот „Безбедно лето“.

Притоа, во овој период од годината сѐ поголем е бројот на учесници во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и електрични тротинети. На подрачје на ОВР Радовиш во првата половина од 2022 година не се регистрирани сообраќајни несреќи со загинати, ниту повредени мотоциклисти, а истото беше случај и во првата половина на 2021 година.

За да се задржи констатираната поволна состојба, денеска Одделението за внатрешни работи Радовиш на подрачје на Радовиш спроведе превентивна активност „Носи кацига, вози одговорно“ во која преку делење на летоци со едукативна содржина им се укажуваше на мотоциклистите и возачите на електрични тротинети за потребата од носење на заштитна кацига заради нивна безбедност, а воедно им беше укажано за почитување на сообраќајните правила и прописи со цел заштита на сите учесници во сообраќајот.

Позитивната порака на оваа превентивна активност беше препознаена и од членовите на мото клубот „Џинка“ од Радовиш, кои се вклучија во нејзино спроведување.

Одделението за внатрешни работи Радовиш апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, укажувајќи дека и во иднина како преку превентивни, исто така, и преку репресивни мерки и активности ќе влијае на подигање на нивото на сообраќајна култура, бидејки безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност на сите.

Можеби ќе ве интересира

Безбедно лето: „Носи кацига, вози одговорно!“- превентивна активност на СВР Битола

M T

Превентивна активност на СВР Скопје за заштита од пожари

M T

116 санкционирани возачи на мотоцикли, 75 не користеле заштитна кацига

M T