Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Активни три пожари во Македонија, најголемиот е на Криволак

Рано утрово со полициски хеликоптер извршено е извидување на трите активни пожари во земјата, информираше на социјалните мрежи директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Најголемиот пожар е на дел од подрачјето на воениот полигон Криволак каде дејствуваат еден армиски и еден полициски хеликоптер. Ангелов истакна дека воените магацини се дополнително осигурани и се целосно безбедни.

Вториот пожар е нов пожар кој бил забележан во атарот на с. Калуѓерица во близина на магистралниот пат Радовиш – Струмица каде е зафатена дабова шума.

„Постоеше можност за проширување но благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Радовиш пожарот е ставен под контрола“, рече Ангелов.

Третиот пожар е пожарот кој во текот на вчерашниот ден гореше во атарот на с. Требичино, во општина Василево, струмичко.

Пожарот во текот на ноќта го намали својот интезитет, чади на некои места но нема видлив активен оган. Во овој момент на лице место се екипи на ТППЕ Струмица. Доколку се разгори дополнително ќе се донесе одлука за евентуално гаснење од воздух поради непристапноста на теренот.

Во состојба на подготвеност за дејство е и Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК