6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Португалскиот министер за надворешни: Во политиката не е целта да се постигне се, туку она што е возможно

Португалскиот министер за надворешни работи Жоао Гомеш Кравињо кој е во официјална посета на Македонија, рече дека им верува на бугарските политичари во дадениот збор и потпис и дека не верува дека ќе се случат нови блокади во текот на преговорите.

„ Мислам дека е од суштинско значење во меѓународната политика да веруваме во дадениот збор и на потпишаното. Не гледам причина зошто би се покренало истото прашање. За најразлични прашања ако почнат блокади без оглед на она што е договороно, ќе се парализира целото функционирање“ – рече Кравињо.

Тој објасни зошто францускиот предлог бил подобар од португалскиот кој беше широко прифатен од македонските власти и од претседателот Пендаровски со образложение дека е добра основа за решение со Бугарија.

„ Францускиот предлог што го прави подобар? Во политиката не е целта да се постигне се, туку она што е возможно. Оддавам признание на македонската влада за надминување на потешкотиите и што го помрдна процесот напред. Ова е историски момент кој не прави среќни, ние во текот на португалското претседелство создадовме услови за да се стигне до овој момент. Со елементи од нашиот предлог стигнавме до овој историски момент. Португалија и понатаму ќе ја поддржува вашата земја во текот на целиот процес. Пристапувањето на Македонија е од суштинско значење за ЕУ. Можеме да го понудиме нашето искуство од преговорите на останатите аспиранти за влез во ЕУ – истакна Кравињо и додаде дека Португалија и Македонија сега ќе се фокусираат на билатералните односи и соработката во економијата, образованието и одбраната.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Германски министер за економија: На Украина ѝ се потребни 350 милијарди долари за реконструкција

M T

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе учествува на Самитот на ОН за трансформација на образованието

M T

Путин: Укинете ги блокадите и ќе го олесниме извозот на украинското жито

M T

Убиен министер и син на поранешен претседател на Доминиканска Република

M T

СДСМ: Имаме план за справување со блокадите на опозицијата

M T

СДСМ: Нема да дозволиме блокадите нарачани од Груевски да ја закочат државата

M T