10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Автомобили се судрија кај Тетово, тешко повредени двајцата возачи, во болница завршија и сопатничките

Тешка сообраќајна несреќа се случила доцна синоќа регионалниот пат Тетово-село Пирок, на крстосница со локален пат за село Синичане.

Како што информираа од МВР, во несреќата учествувале автомобил „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Р.(29) од с.Синичане и патничко возило „опел зафира“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(43) од с.Камењане.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобиле две сопатнички од возилото „опел корса“, И.Р.(26) и Ф.А.(19), двете од с.Синичане, констатирани во Клиничката болница во Тетово“, соопшти полицијата.

Извршен бил увид од полициска екипа.

Спонзорирано: