Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски призна дека со Апасиев се изолирани и сами против ЕУ

Христијан Мицкоски денеска призна дека тој и Димитар Апасиев се сами и изолирани против ЕУ. Мицкоски потврди дека неговата фарса за референдум којшто е за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ нема поддршка ниту од другите опозициски партии. Причините за проблемите во својата партија, во опозициските редови, Мицкоски многу наивно се обидува да ги префрли кај некој друг, но за тоа треба да си се погледне самиот себе си, оценуваат од партијата на власт.

„Целото свое политичко делување Мицкоски го сведе на ширење лаги, манипулации, на крвави сценарија, обиди за блокада на државата и европската иднина на граѓаните. Се што кажа Мицкоски излезе обратно, нема бугаризација, нема асимилација, почнавме преговори со ЕУ со чист македонски јазик и зачуван идентитет.

Впрочем исто така беше и за лагите дека со Договорот од Преспа ќе се избирише АСНОМ, за кантонизација и федерализација, за Законот за употреба на јазиците“, констатираат во СДСМ.

На усвоени заклучоци од Собранието, на заштитен македонски идентитет, на почнати преговори со ЕУ со чиста формулација на македонскиот јазик, Мицкоски, додаваат од владејачката партија, нема повеќе простор.

„Никој не му е виновен на Мицкоски што ги лажеше граѓаните, своите членови и другите партии“, нагласуваат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК