Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Говорот на омраза и колнењето на “патриотите” од парламентот се префрли на Википедија: Mу впишале и датум на смрт на премиерот Ковачевски, навреди и врз Пендаровски

Повторно има навреди за политичарите на Википедија.

Овојпат на удар се шефот на државата, Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.

За претседателот Стево Пендаровски, администратор, на англиската верзија на Wikipedia, му впишал навредливо средно име. Таму беше додаден зборот „стока“.

За премиерот Димитар Ковачевски некој администратор впишал и датум на смрт (Илинден, лани). Исто така во еден момент за Ковачевски наместо премиер на Македонија, стоеше премиер на Бугарија.

Инаку на Википедија секој може да ги ажурира податоците, а сето тоа е заведено со IP адреса, по што доколку податоците се неточни, администраторите прават враќање на старите податоци. Трајно зачувување на ваквите податоци може да прават само администратори, но не и обични корисници. Полицијата може во секој момент да ги пронајде корисниците кои ги напишале ваквите морбидни податоци, велат познавачите.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК