Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Страотна сообраќајка на автопатот Градско-Велес: Млада Србинка загина, маж и малолетно лице повредени

На 21.07.2022 околу 02.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А1, во правец Градско-Велес, патничко возило „рено“, со српски национални ознаки, управувано од Г.Ј.(41) од Република Србија, излетало од коловозот.

Во несреќата, од здобиените повреди починала сопатничката С.П.(36) од Србија, а Г.Ј и малолетен сопатник се здобиле со телесни повреди констатирани во Општата болница Велес.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

*фотографијата е илустративна и не е од актуелниот настан/ архива/Pixabay

Можеби ќе ве интересира

НЕБОТО ЌЕ СЕ РАЗЛУТИ ВО ПЕТОК: Се очекуваат поинтензивни процеси и пад на температурите

ДЕСК

СДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтинг

ДЕСК

Нови шест автопатски проекти кои носат инвестиции, работни места и економски раст, најави Мицкоски

ДЕСК