Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Гори сува трева и дабова шума во село Разловци

– Пожар на отворен простор во атарот на с.Разловци на планината Средна, м.в.Ќурчински колиби каде гори сува трева и дабова шума. На терен се 3 ППЕ со 1 теренско возило и 1 лице од доброволно против пожарно друштво од Делчево, а кон пожарот се упатени и една екипа од 4 шумски работници.

Зафатена е површина од околу 2-3 ха сува трева и дабова шума и поради ветерот и сувата трева пожарот се шири кон борова шума.
ТППЕ – Делчево и ЈП ШС Голак, во моментот се подготвуваат да испратат дополнително уште по една екипа пожарникари и шумски работници, велат од Центарот за управување со кризи.

*фотографијата е илустративна

Можеби ќе ве интересира

НЕБОТО ЌЕ СЕ РАЗЛУТИ ВО ПЕТОК: Се очекуваат поинтензивни процеси и пад на температурите

ДЕСК

СДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтинг

ДЕСК

Нови шест автопатски проекти кои носат инвестиции, работни места и економски раст, најави Мицкоски

ДЕСК