Centar.mk
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

Јадете повеќе од ова овошје: Бананите „главно оружје“ на високите температури

Експертите за процесот на спиење советуваат поголема конзумација на банани во летниот период, наведувајќи дека калиумот со кој е богат ова овошје е исклучително важен за функционирањето на нервниот систем и дека како таков ќе придонесе за полесен сон.

Експертите од областа на проучувањето на процесот на спиење советуваат консумација на банани како „главно оружје“ во период на многу високи температури, наведувајќи дека калиумот во бананите е клучен за мирен и удобен летен сон.

– Кога се потиме, губиме калиум, електролит кој е неопходен за функционирањето на нервниот систем. Јадењето банани, една или две дневно, ќе го подобри спиењето на топло време, а во исто време ќе му помогне на срцето да функционира нормално и ќе го намали ризикот од ноќни грчеви – вели професор Расел Фостер од Универзитетот во Оксфорд.

Покрај бананите, експертите советуваат консумација на зелен зеленчук, кој исто така е добар извор на калиум, заедно со овошје како авокадо, домати и портокали.

Можеби ќе ве интересира

Наместо енергија, пад на шеќерот: храна што треба да ја прескокнете за појадок

C +

Парите доаѓаат неочекувано, овие 4 хороскопски знаци влегуваат во златен период од април

ДЕСК

Дневен хороскоп за 18-ти март 2026

ДЕСК