14. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЕУ очекува промена на Уставот во следните 16 месеци додека трае скринингот

Ниту Владата не знае која ќе биде динамиката за промена на Уставот и внесување на Бугарите и другите заедници. Скринингот ќе трае 16 месеци, а Европската Унија очекува во овој период да се случи процесот на уставни промени.

Прво пратениците ќе одат на летен одмор, па потоа, ќе се отвори дијалог за овие прашања. Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, смета дека е најважно процесот на промена на Уставот да има позитивен исход.

„Немаме утврдено календар и динамика за уставните измени. Треба тоа да го завршиме најдоцна до крајот на скринингот. Треба да видиме како би го отвориле дијалогот. Уставните измени треба да завршат успешно, а не неуспешно. Кога ќе тргне дијалогот во Собранието, ќе го утврдиме ова прашање. Тоа ќе биде по летниот одмор на Собранието, тогаш ќе имаме точен календар. Најважно е тој процес да има позитивен исход“, кажа Маричиќ.

Прашан колку ќе трае скринингот, тој рече: „За Србија и Црна Гора траеше 24 месеци, за нас пократко, бидејќи година и половина поминаа. Би очекувал дека за не повеќе од 16 месеци ќе го завршиме скринингот“.

За уставните измени, власта очекува сериозна расправа и бара да има позитивна атмосфера. Ова е спротивно на ставот на опозицијата која најави дека нема теоретски шанси да се случи промената на Уставот, а дека доказ за тоа се нивните пратеници.

„Најважно е да има позитивна атмосфера, а не онаа слика од минатата недела, кога немаше услови за дијалог и нормална расправа. Сакаме сериозна и јавна расправа. Сметам дека во содржинска смисла, овие уставни измени, би биле најлесни од сите до сега. Велам во содржинска смисла, имаме седум заедници во Уставот и треба да додадеме најмалку три. И не гледам зошто некој би имал нешто против тоа“, рече Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

Маричиќ од Брисел: Скринингот ќе ги забрза реформите, имаме основа да напредуваме со добро темпо

M T

Маричиќ: Преговорите се отворени, македонскиот тим е спремен за почеток на скрининг процесот

M T

СДСМ: Започнува скрининг процесот, нов чекор од патот кон ЕУ

M T

СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, референдумот е поради негови лични и партиски цели и нема да успее

M T

Каевски: Референдумот на Мицкоски е против ЕУ, против македонски јазик, македонски идентитет и нема да успее

M T