Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ќе има ли нови мерки или препораки против Ковид? – Утре заседава комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утре точно напладне ќе одржи состанок на кој ќе се дискутира за моменталната епидемиолошка состојба во државата.

Комисијата за заразни болести на последната седница не донесе дополнителни рестриктивни мерки. На тој состанок, Комисијата апелираше до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.

Изминативе денови се регистрираат голем број на новозаразени на дневна основа.

Само денеска беа регистрирани 792 нови случаи на ковид. Според бројот на тестирани, секој втор што правел тест бил заразен.

Дали ќе има нови мерки или препораки против заразата од Ковид засега нема информации.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК