8. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Бугарското ВМРО: Шлаканица за нас е европската легитимација на македонскиот јазик

Еден од копретседателите на бугарската партија ВМРО-БНД Искрен Веселинов смета дека се „премали шансите Македонија да ги исполни обврските кон Бугарија“.

„Уставот е веќе еднаш изменет на барање на Грција. Сега се сомневам дека ќе се најдат одговорни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Вметнувањето на Бугарите во Уставот не решава никакви проблеми на бугарската заедница. Ние повлековме 3 од 4-те наши приговори кои се апсолутно оправдани. Најголемата шлаканица за сите нас е европската легитимација на македонскиот јазик и нација“, изјави тој, пренесува „Bulgaria ON AIR“.

Според него, „Бугарија ќе продолжи да има забелешка на која веројатно никој нема да внимава“.

„Македонскиот јазик најверојатно ќе се изучува како филолошки во европските градови и ќе останеме сами во одбраната на вистината дека тој е регионална форма на литературниот бугарски јазик. Сведоци сме на колективно предавство во Народното собрание. ВМРО ги убеди политичките групи да не одат на оваа опција, уверувајќи ги дека нема да има повлекување од позицијата на Бугарија“, додал Веселинов.

Можеби ќе ве интересира

Димковски: Лозарите мака мачат, ВМРО-ДПМНЕ да го прифати решението на СДСМ за дополнителни 3 денари за килограм грозје

C +

СДСМ до ВМРO-ДПМНЕ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +

СДСМ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +