12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Спасов за ДВ:Дефиницијата за јазикот во Декларацијата е на линија со граматиката на Конески

Нема ништо спорно со унилатералната декларација на Владата на РСМ во врска со македонскиот јазик која е поднесена до ЕУ, вели за Дојче Веле професорот на Филолошкиот факултет и претседател на Советот за македонски јазик, Људмил Спасов. Професорот објаснува дека во декларацијата станува збор за стандардниот јазик и дефиницијата во декларацијата е на линија со граматиката на Конески од 1952 година, со која што се стандардизира јазикот, како и на Правописот издаден во 1945 година.

,,Овде се работи за стандардниот литературен јазик во македонската декларација. Тој јазик уште од времето на Мисирков, потоа Конески и потоа Комисијата за јазик и правопис е стандардизиран врз основа на следните говори: Битола, Велес, Прилеп и Кичево. Тој јазик се темели на нив“, вели професорот Спасов за Дојче Веле.

Универзитетскиот професор Спасов потенцира дека треба да се прави разлика меѓу стандардизиран литературен јазик и македонско јазично подрачје.
,,Македонското јазично подрачје се простира и надвор од границите на Северна Македонија и тоа се докажува со научни историски социолошки и други факти. Во критиките на ваквата дефиниција, нема само добронамерни забелешки туку и  спротивставување на нашата интеграција на ЕУ” вели професорот Људмил Спасов за Дојче Веле.

Спонзорирано: