9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Доларот падна втор ден по ред, падна и цената на нафтата

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна втор ден по ред и дополнително се лизна од највисокото ниво во последните 20 години.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 107,50 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 107,78 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 138,35 на 137,95 јени.

Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0135 долари, додека вчера во ова време беше 1,0105 долари.

Цените на нафтата, пак, утрово благо паднаа, откако вчера скокнаа за околу 5 отсто.

Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 0,39 отсто, на 105,85 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,19 отсто, на 102,40 долари.

Можеби ќе ве интересира

Поскапеа цигарите, поскапуваат пратките од Тему и Али Експрес, а цените во маркетите — до плафон

ДЕСК

Колку ќе чини доларот, а колку еврото во петок? Курсна листа за 10-ти октомври 2025

ДЕСК

Министерството за финансии потврди дека ќе се оданочуваат и малите пратки до 22 евра – Законски измени за ДДВ во насока на поддршка на домашната економија и компаниите

ДЕСК