Јас се надевав дека и искрено граѓаните се надеваа дека ВМРО – ДПМНЕ конечно ќе биде партија која што ќе се реформира која што ќе стане вистинска партија членка по урнекот на други напредни политички партии, членки на народните партии во Европа, меѓутоа гледаме дека таа политичка партија ниту милиметар не е променета во однос на она што ги имавме под водство на нивниот претходен претседател, рече премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање за коментар околу онесувањето на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во тоа време нивните пратеници потпишуваа меници, а сега потпишуваат нотарски изјави. Пратениците според Устав се независни во своето одлучување во собранието, тие таму не претставуваат политичка партија или пак претседател на политичка партија кој што им бара нотарски изјави и мафта со нив по прес конференции, тие таму ги претставуваат граѓаните кој што ги избрале. Не може ако некој решил себе си да се изолира, ако решил да ја изолира својата партија, ако решил преку нотарски изјави да ги излолира своите пратеници тоа да го прави на сите граѓани на државата и на целата држава и неа да ја изолира, тоа е неприфатливо, тоа е ретроградно и тоа треба да биде надминато.“ порача Ковачевски.
Тој ги повика ВМРО-ДПМНЕ да одговорат што имаат против тоа Бугарите да се најдат во македонскиот Устав.
„Во однос на уставните измени ВМРО – ДПМНЕ треба да објасни што има против внесувањето во Уставот на граѓаните кои што јасно се самоопределиле како Црногорци, како Хрвати, како Бугари, јас на една моја прес конференција кажав дека и Египќаните се дел од нашето општество кој што придонесуваат и затоа тоа беше поздравено и тие веќе доставија барање за нивно внесување во Уставот. Меѓутоа зошто би имале тие против доколку и делови од израелскиот народ односно Евреите во РСМ бидат дел од нашиот Устав, односно од преамбулата на нашиот Устав. Сите тие граѓани се богатството на нашата држава. Ние имаме држави кои што во соседството, односно во блиското опкружување кои што ни склучување на граѓаните со различно самоопределување во својот Устав, односно во преамбулата, изградиле посилни општества и посилни држави, земете ја на пример Хрватска, Хрватска има 27 делови од народи кои што се дел од нивниот Устав и тие тоа го поддржале и станале членка на ЕУ и се држава која што напредува по сите параметри и економски и општествени и културни“ порача Ковачевски.