Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Совет на амбасадори: Компримисите понекогаш се болни отстапки, но „францускиот предлог“ ги цементира и гарантира македонскиот јазик и идентитет

Оттаму велат дека неопходно е да се прифати европскиот компромис бидејќи тоа е важен чекор кој ќе ја приближи Северна Македонија кон членство кон ЕУ и со тоа ќе биде надмината блокадата од Бугарија
Советот на амбасадори смета дека од клучно значење за иднината, стабилноста и просперитетот на државата е да се се соочиме со предизвиците и храбро да зачекориме кон Европската унија.

„Во минатото почнувајќи од одржувањето на референдумот за независност, потоа влезот на нашата држава во ООН под референцата, преку усвојувањето на Охридскиот договор и реформите кои следеа во државата, како и усвојувањето на Преспанскиот договор, нашите граѓани, напредната интелигенција, политички партии и раководства и НВО донесоа правилни и историски одлуки со кои се трасираа нашите евроатлански интеграции“, се вели во соопштението од Советот на амбасадори.

Оттаму велат дека неопходно е да се прифати европскиот компромис бидејќи тоа е важен чекор кој ќе ја приближи Северна Македонија кон членство кон ЕУ и со тоа ќе биде надмината блокадата од Бугарија.

„ Свесни сме дека компромисите понекогаш се болни отстапки, свесни сме дека во дипломатските преговори никогаш не се постигнува апсолутна сатисфакција на која било страна, но најзначајно за нашите граѓани е тоа што со „францускиот предлог“ се зацементирани и гарантирани македонскиот јазик и идентитет од страна на ЕУ“, велат од Советот на амбасадори.

велат од Советот на амбасадори.
Во дописот велат дека се убедени оти ЕУ и нејзините институции ќе бидат на висината на европските критериуми и вредности и нема да дозволат наметнувања на евентуално дополнителни интерпретации на тешко постигнатиот компромис.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +