Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Се’ уште се трага по третиот Македонец

И денеска продолжува потрагата по третиот исчезнат македонски државјанин, на првиот крак на Халкидики, во Посиди, откако вчера и завчера беа пронајдени неговите двајца пријатели живи.

Вчерашната потрага во вода, од воздух и на копно не донесе никакви резултати.

Откако не беше пронајден 28-годишниот од грчката крајбежна служба соoпштија дека “потрагата ќе продолжи се до разденување, а за било какви новости ќе информираат со ново соопштение“.

Неговиот другар 30-годишниот Иван бил лоциран од хеликоптер на военото воздухопловство околу 15 часот во морската област околу 15 наутички милји западно од Посеиди.Бил превземен со танкер, а потоа бил префрлен со патролен чамец на крајбежната служба и пренесен на пристаништето во Неа Скиони.

Искрено сум многу среќна откако дознав дека е жив по 19 часа борба во морето. Една топка се најде пред него и оваа топка беше неговиот спас, рече градоначалничката која не можеше да ја скрие радоста што момчето беше пронајдено живо, особено по толку часови во морето.

Додаде дека со спасувањето на Иван ѝ се вратила надежта дека може и третото момче да биде пронајдено живо.

Спасувачката акција започнала во саботата во поладневните часови откако тројцата македонци влегле во морето на плажата Мити и поради лошото време се одалечиле од брегот.

Дел од присутните на плажата забележале дека капачите ги снемало и веднаш ја информирале крајбрежната служба, по што започна и акцијата.

Еден од тројцата пријатели, 25-годишниот Васил беше спасен во саботата по поминати околу два часа во вода, додека пак вчера, беше пронајден и 30-годишниот Иван.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТУВА ТЕЖОК СЛУЧАЈ: Новородено бебе било дадено на незаконско посвојување за пари и бенефиции

ДЕСК