Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Во заедничка изјава Борел и Блинкен повикаа македонскиот парламент да го поддржи предлогот за земјата да оди напред

Потпретседателот на Европската комисија (ЕК) и висок претставник на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, го повикаа македонскиот парламент да го поддржи предлогот за почеток на преговорите со ЕУ.

„Го поздравуваме компромисниот предлог којшто ги зема предвид интересите и загриженоста и на Северна Македонија и Бугарија, засновајќи се на взаемна почит, доверба и разбирање. Суверената одлука на парламентот на Северна Македонија ќе биде важна за придвижувањето напред. Духот на конструктивен компромис, на кој се заснова европската интеграција, треба да продолжи да ги инспирира сите вклучени во историскиот процес“, велат Борел и Блинкен.

Се додава дека во овој критичен момент во европската историја, одбележан од неоправданата агресија извршена од Русија врз Украина, придвижувањето на Албанија и Северна Македонија кон ЕУ е клучот за зајакнување на кохезијата и отпорноста на целиот Европски континент.

„Водени од заедничките вредности и стандарди и одредници на ЕУ, двете земји се подготвени да го преземат следниот чекор кон членство во ЕУ“, се вели во заедничката изјава.

Борел и Блинкен додаваат дека ЕУ и САД се посветени на поблиска соработка во Западен Балкан.

Можеби ќе ве интересира

Како е поврзан Трипуновски со корупцискиот скандал, негова блиска соработничка е меѓу осомничените?

ДЕСК

(ФОТО) Скопје добива нов Божји храм кој ќе биде посветен на Светиот Великомаченик Димитриј

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ сака да скрои опозиција по мерка – бараат оставки

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.