Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Почина докторот Методи Чепреганов

На 86-годишна возраст почина истакнатиот невропсихијатор-епилептолог, Методи Чепреганов.

„Со огромна жалост би сакале да Ве известиме дека денес по кратко боледување почина нашиот ценет и почитуван Проф.Др.Методи Чепреганов. Директорот,менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работата како дел од тимот на болницата,во која работеше повеќе од 20години. Вечна му слава!“, соопшти „Неуромедика“.

Чепреганов до смртта беше активен во својата професија. Неодамна тој објави дека ги собрал 25-те години работа во осум книги. Со што, имаше објавено 47 книги од своето децениско работење.

Објавил и над 260 научни трудови и 130 монографии од областа на Неврологијата и епилептологијата. Беше член на Европска асоцијација за клиничка неврофизиологија и епилептологија за земјите од Француско говорно подрачје; Невролошка асоцијација на Франција.

Награден е со орден Palmes Academiques од страна на Првиот министер на Франција во името на Министерството за наука.

Можеби ќе ве интересира

Македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Државата Катар и Обединетите Арапски Емирати да побараат помош

C +

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

C +

СДСМ бара реакција од ДКСК и повлекување на Ефимија од Развојната банка поради конфликт на интерес

C +