Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

После 5-те милиони евра од Камчев, Македонија враќа во каса нови 36 милиони од Мијалков осуден со нови 3 години затвор

Сашо Мијалков, осомничен во истрагата „Империја“ за перење пари е осуден на три години ефективен затвор откако денеска призна вина во спогодба со обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

Деновиве, судија за извршување на санкции треба да му даде упатен акт за во затвор, а на Мијалков му се конфискува недвижен имот од околу 30 милиони евра во корист на државата. Ќе му се конфискуваат и шест милиони евра готовина.

Од почетокот на месецов, на отслужување на едногодишната затворска казна за „Империја“ е Орце Камчев, кој исто така призна вина и се спогоди со Русковска.

Истрагата „Империја“ беше отворена во 2018 за кривичните дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело. Бизнисменот Камчев и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков беа првоосомничени, а осомничени се уште 11 други лица, меѓу кои и газдата на „Пелистерка“ Цветан Панделески.

Можеби ќе ве интересира

Приведен возач од струшко, управувал возило со 176 км на час каде дозволената брзина е 80 км на час

ДЕСК

Полицијата упадна во ноќен клуб, има уапсени

ДЕСК

Талевски до Тошковски: Дали граничните центри се укинуваат за да се овозможи шверц на мигранти?

ДЕСК