17.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Подгответе се за силно невреме денес и утре – УХМР издаде метео предупредување

Денес попладне под влијание на влажен бран, почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд проследени со грмежи кои ќе се прошират насекаде и ќе се интензивираат.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 л/м2), град и силен ветер (над 60 км/час). Обилни врнежи од дожд ќе има и во текот на ноќта како и во текот на утрешниот ден.

Во Скопје од попладневните часови, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат обилни и поројни проследени со грмежи и засилен ветер во форма на невреме.