Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Предлогот е во целосна согласност со Резолуцијата во македонското Собрание

„Овој предлог е основа на исклучително важното прашање за напредок и обезбедување на она за што цели 17 години го чекаме, по добивањето на статус на земја-кандидат за член на Европската Унија. Предлогот е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието за државните позиции во спорот со Бугарија, што покажува дека Владата, јас како премиер и надлежните институции одговорно ги застапуваме државните интереси надвор и дома.“ рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката пред конференција со Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет.
Од нас зависи одлуката за иднината на државата и на граѓаните, додаде Ковачевски.

Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат да живеат како дел од европското семејство, по европски стандарди делејќи ги европските вредности. Заслужуваат нивниот глас да биде чуен одвнатре, да биде еднаков со сите останати земји членки на Европската Унија. Да имаат збор во донесувањето на најважните одлучи кои ја засегаат Европа, заклучи премиерот Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК