Со преговарачката рамка е утврдено дека сите документи на ЕУ ќе бидат преведени на македонски јазик, без било какви додавки или објаснување и со тоа македонскиот јазик како една од клучните одредници на македонскиот национален идентитет станува еден од 25те јазици на Европската Унија, пишува универзитетскиот професор и поранешен министер и амбасадор Ѓорѓи Спасов во својата колумна за Фокус.
Спасов смета дека ова, по потпишувањето на Преспанскиот договор е можеби најголемата поридобивка и потврда за македонскиот национален идентитет, која не теба лесно да се отфрли или пропушти.
„Бугарија која и со последните барање пред бугарскиот парламент бараше тој да не биде признаен како посебен јазик туку само како дијалект на бугарскиот јазик, прифати, само пред првата меѓувладина конференција (како еднократен акт) да го соопшти своето мислење за македонскиот јазик , дека е дијалект на бугарскиот, и прифати понатаму во европските документи и комуникација македонскиот јазик да се употребува без било како дообјаснување во фус нота,дека е тоа “македонски јазик –според Уставот на Република Северна Македонија„ или под некаков астерикс да пишува дека овој јазик Бугарија го признава само како „официјален јазик според Уставот наРепублика Северна Македонија. Ова, по потпишувањето на Преспанскиот договор е можеби најголемата поридобивка и потврда за македонскиот национален идентитет, која не теба лесно да се отфрли или пропушти.“ наведува Спасов.