19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Грковска: Дигиталната трансформација на општеството е важен приоритет на Вадата, тоа е предуслов за транспарентни институции и квалитетни јавни услуги

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска се обрати на онлај настан на тема „Дигитализација и дигитална трансформација за поефикасна администрација – Дигитална агенда за граѓаните“ организирана од Фондација Метамофорзис.

Во своето обраќање вицепремиерката Грковска истакна дека дигиталната трансформација на општеството е важен приоритет на Вадата, зашто дигитализацијата на јавните услуги е предуслов за да изградиме транспарентни и одговорни институции и квалитетни јавни услуги што ќе ги задоволат потребите на граѓаните.

„Со дигитализација, јавните услуги стануваат поквалитетни и побрзи, значително се намалува времето потребно за завршување на административните постапки, а со тоа јавната администрација и институциите стануваат поефикасни. Во соработка со експерти од Естонија и со поддршка на САД работиме на процесот на дигитална трансформација на општеството, дефинирање на патоказот, процес во кој се вклучени сите институции. Сите институции беа задолжени во Националниот портал за услуги редовно да ги ажурираат електронските услуги што институциите ги даваат на граѓаните. Мојата заложба е значително да се зголеми опсегот на електронски услуги, со што ќе се зголеми и ефикасноста на институциите“, потенцираше Грковска.

Пред присутните на конференција Грковска нагласи дека клучен предуслов за овој процес да успее е активна вклученост и посветеност на сите институции, на сите вработени во администрацијата, зашто друга алтернатива освен дигитална трансформација на општеството немаме.

„Ако сакаме да го фатиме чекорот за развој и напредок, ако сакаме да обезбедиме ефикасен и функционален систем, тогаш мора сите, ама буквално сите и носителите на функции и вработените во администрацијата и невладиниот сектор и граѓаните да се престроиме на патот за дигитална трансформација и заедно да работиме во изградбата на ефикасен систем“, потенцираше Грковска.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Грковска: Пред 81 година ја избравме вистинската страна како дел од антифашистичката коалиција, и денеска сме на вистинската страна, ги промовираме правдата, мирот и соживотот

M T

Грковска: Системскиот пристап во справувањето со перењето пари и финансирањето тероризам дава резултати

M T

Средба на Грковска со романската амбасадорка Аксинте: Унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Романија, посебно во областа на креирање на антикорупциски политики

M T

Грковска: Дигитализацијата е високо на агендата на Владата зашто е клучен процес за подобрување на јавните услуги и за развој на демократијата во едно општество

M T

Грковска и Тренчевска на средба со Сојузот на борци од НОАВМ: Значајно е место на борците во општествениот живот, ги одржуваат сеќавањата на историските придобивки

M T

Грковска на работен состанок во ДКСК: Меѓусебната соработка и комуникација е клучна во процесот на градење на одговорни и отчетни институции

M T