23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Вучиќ: Ковачевски и Рама храбро ги бранеа своите земји

„ Длабоко сум благодарен на Еди (Рама) и Димитар (Ковачевски). Јас ќе кажам дека тие ги бранеа своите земји и нивниот национален интерес многу храбро и затоа сакам да им го признаам тоа, за нивните граѓани. Мислам дека сите може да разберат дека ја зборувам вистината.“ рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на заедничката прес конференција со премиерите на Македонија и Албанија, којашто се одржа вчера во Брисел.

Ова јавно признание на претседателот на Србија, ја потврдува одличната регионална соработка на Македонија, Албанија и Србија, и пријателството меѓу трите земји кои заеднички се борат за исчекор во европските интеграции а Албанија и Македонија се заложнички на односот на Бугарија.

Ќе беше добро ако 26-те членки на ЕУ успееја да се изборат против Бугарија и ги започнеа пристапните преговори со Македонија и Албанија. Принципот на едногласност, за жал, тоа го спречи. Во овој смисол, самитот во Брисел повторно беше пропуштена шанса да им се даде нов замав на напорите на Западен Балкан.
Македонија во Брисел го одби францускиот предлог за кревање на бугарското вето.

Премиерот Димитар Ковачевски по завршувањето на самитот ЕУ-Западен Балкан, вчера во Брисел рече дека предлогот во ваква форма каква што е во моментот е неприфатлив за него, за претседателот, Владата, коалицијата и за граѓаните на Македонија. Тој порача дека, ако во текот на француското претседателство со Унијата се постигне разбирање за нашите позиции, македонската страна е подготвена да се вклучи во разговорите, за да почнат преговорите за членство во ЕУ.