Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Познат идентитетот на момчето од Тетово кое се удави во Црна Гора: Сакал да работи и да си обезбеди подобар живот

Момчето кое вчера се удави во Јадранското море е 22-годишниот Енис Халили од Тетово, кој требало да работи во туристичкото место Утјеха, објавија медиумите.

Вчера добил сместување, по што заминал на плажа, а првите информации од Црна Гора се дека силната морска струја го повлекла далеку од брегот.

Младиот Тетовец сакал да работи во Утјеха за да си обезбеди подобар живот, но за жал вчера го загубил животот.

Македонските власти вчера соопштија дека добиле информации од Црна Гора и дека станува збор за давење, односно нема траги на насилство.

Можеби ќе ве интересира

Пукање во Арачиново – Меѓусебна пресметка со огнено оружје меѓу неколку лица со две возила

ДЕСК

Извлечено тело на починат маж од Вардар – полицијата објави детали и идентитет на жртвата

ДЕСК

Напишал коментар на социјална мрежа, полиција му затропа на врата

ДЕСК