Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ, од партијата порачаа потребни се промени и предвремени избори

Под мотото „Премногу е“, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ од повеќе градови од државата пристигнаа во Скопје на антивладиниот протест.

На протестот ќе се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Пред почетокот на протестот се одржа Отворено студио пред Владата, каде стана збор за надворешната, внатрешната политика, образованието и економијата.

„Она што се случува е заокружување на една авантура во која оваа власт влезе пред пет години со промената на името на државата и го отвори процесот на нејзиното обезличување така што ова е едно крешчендо што се случува во односите со Бугарија. Односно заокружување на еден процес кој почна со преспанскиот договор а треба да се заврши со договорот за добрососедство со Бугарија“ истакна поранешниот амбасадор и професор Звонимир Јанкуловски во Отвореното студио пред влада на Протестот за промени – Премногу е!.

Јанкуловски оцени дека власта не довела до ситуација на маѓепсан круг во надворешните односи и безалтернативност.

„Во надворешната политика доминантен е интересот а не љубовта или довербата едни кон други така што оваа Влада токму тоа го запостави. Наместо да се концентрираме на реформите и внатре во државата целиот напор што владата го прави е надворешно политичко рекомпонирање или репозиционирање на Македонија, притоа губејќи го она суштинското она битното а тоа е идентитетот на државата, изјави тој.

Можеби ќе ве интересира

Усвоен Предлог законот за парнична постапка, се реализира уште една обврска од Развојната стратегија за правосудството

ДЕСК

Производството на сончоглед во 2025 година е зголемено за 5.8 % во однос на 2024 година

ДЕСК

СДСМ: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!

ДЕСК