Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Покачување на платите во здравството, високото, средното и основното образование, детската грижа, правосудството и полицијата

Со ребалансот на Буџетот, за кој деновиве се расправа на собраниската Комисија за финансисрање и буџет, се предвидуваат покачувања на платите за здравството, високото образование, основното и средното образование и детската грижа, правосудството и Министерството за внатрешни работи. Исто така, се предвидуваат средства за субвенционирање на придонесите за покачување на платите во приватниот сектор, посочи во гостување на Тв 24, министерот за финнсии, Фатмир Бесими.

Министерот истакна дека со ребалансот има планирано средства за раст на платите од 15% во павосудството, средното и основното образование и детската грижа, 7% раст на платите во високото образование и 5% раст на платите во МВР и здравството.

Во однос на барањата на дел од синдикатите за покажување на платите во јавниот сектор, Бесими посочи дека преговорите во Владата се во тек во насока на изнаоѓање на издржано решение.

Бесими рече дека се работи на одржлив модел на раст на платите во јавниот сектор, којшто ќе се заснова на продуктивноста на економијата и животниот стандард на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

ДЕСК

Mozzart продолжува со Театар на хуманост: Донација за „Банка за Храна“ носи билет за „Ивона, принцезата на Бургунд“

ДЕСК

Досега се откупени околу 30.000 тони млада зелка

ДЕСК