Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи-Галовеј: Благодарност за британската поддршка за европските интеграции и партнерството

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари проштална средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Скопје, Рејчел Галовеј.

Двајцата соговорници ги поздравија одличните билатерални односи кои постојат меѓу двете пријателски земји, изразувајќи заемно задоволство од интензивниот политичкиот дијалог и развиената меѓусебна трговска соработка.

Министерот Османи се заблагодари за активниот ангажман и посветеноста на Обединетото Кралство за одржување на стабилноста и економскиот просперитет на Западниот Балкан, како и за континуираната британска поддршка на европските интеграции на нашата земја и напорите на ОК во одржувањето на силни партнерски односи со нашата земја во рамки на НАТО.

На средбата стана збор и за руската инвазија врз Украина, ризиците од пошироки импликации на кризата, како и ургентноста од поблиска соработка меѓу Европската Унија и НАТО за зачувување на безбедноста на европско тло.

По повод завршувањето на дипломатската мисија, министерот Османи ѝ врачи плакета- благодарница на амбасадорката Галовеј за нејзиниот личен ангажман и активен придонес за унапредување на билатералните односи и соработка меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +