9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Владата закажа седница за во 12 часот

Според предложениот дневен ред, на денешната седница ќе се разгледуваат повеќе точки меѓу кои Информација за пристапување на Република Северна Македонија на Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето на полето на трудот, на предлог на Министерството за труд и социјална политика.

На денешната седница ќе се разгледува и Информацијата за усвојување на Национална стратегија за борба против измами и заштита на финансиските интереси на Европската Унија во Република Северна Македонија 2022-2025 година и Акциски план за спроведување 2022-2023.

Меѓу другото, пред министрите ќе се најде и Информација за Акцелераторот за одбранбени иновации за НАТО (Defence Innovation Accelerator for the North Atlantic – DIANA), изготвена од Министерството за надворешни работи.
За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, која ќе започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.

Спонзорирано: