Centar.mk
БИЗНИС

ТИРЗ: Со проверка на исплати на јавни средства го штитиме интересот на граѓаните

Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони повторно реагира и најостро ги демантира наводите на политичката партија ВМРО ДПМНЕ која продолжува да повторува веќе изнесени невистини поврзани со работата на ТИРЗ.

Од ТИРЗ посочуваат дека целта на договорот за „Мониторинг на државна помош“ е да се спроведе внимателна и детална проверка на сите барања за исплата на државна помош токму за да се осигура заштита на јавниот интерес и парите на граѓаните.

Токму преку Дирекција за ТИРЗ, Владата минатата година обезбеди рекордна државна поддршка за компаниите во висина од 720 милиони денари, а трошокот за ангажман на меѓународната ревизорска куќа „Прајсвотерхаус Куперс“, која ги мониторираше исплатите се под 1% од оваа сума.

Во компаниите во ТИРЗ само во изминативе 12 месеци се креирани околу 1.000 нови работни места, за првпат платите во Зоните се 3% над националниот просек, а компаниите во буџетот уплатиле над 2 милијарди денари само по основ на данок на плати и надоместоци, како и социјални осигурување, што е за 12% повеќе од претходната година. Она што охрабрува е дека ваквиот позитивен тренд продолжува и годинава во услови на глобална политичка и економска криза.

Оттука е јасно дека со воведување на вакви механизми ТИРЗ работи единствено во заштита на јавниот интерес. Затоа е нејасно чиј интерес застапува политичката партија ВМРО ДПМНЕ и зошто и кому му пречи проверката на барањата за исплата на државни средства, се вели во демантот од ТИРЗ.

Можеби ќе ве интересира

КУРСНА ЛИСТА ЗА 5 НОЕМВРИ – Колку денари се 100 евра, долари, фунти и франци?

ДЕСК

ПРЕДЛОГ ЗА ЗАПИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ – Црна Гора бара решение за снабдувањето со пелети

ДЕСК

ЕУ СО НОВА ТУРИСТИЧКА СТРАТЕГИЈА – Поддршка за малите компании и подобро управување со посетителите

ДЕСК