Centar.mk
БИЗНИС

Рускиот „Мекдоналдс“започнува со работа и се вика „Вкусно и точка“

Првите 15 ресторани на поранешниот синџир „Мекдоналдс“ повторно се отворени во Москва и московската област под новото име „Вкусно и точка“, јавува РИА Новости.

„Задоволен сум што можам да го претставам нашето ново име „Вкусно и точка““, изјави Олег Пароев, извршен директор на оваа компанија во Русија.

Според него, утре во Русија ќе бидат отворени уште 50 ресторани, а до крајот на јуни околу 200.

Засега целото мени нема да биде достапно за посетителите на „Вкусно и точка“.

Паројев го објасни тоа со логистички тешкотии, како и со фактот дека рестораните се отвораат во рекордно време.

Некои познати ставки нема да бидат во новото мени – „Big Mac“ и „McFlour“.

Тоа е затоа што овие имиња, овие брендови, нивниот изглед и технологијата на производство имаат многу директна врска со брендот „Мекдоналдс“, но сакам да ветам дека во многу блиска иднина ќе имаме достојни замени за овие производи, за што сум сигурен дека нашите потрошувачи ќе го ценат и сакаат тоа“, рече извршниот директор.

Дополнително, додаде тој, треба да се промени и амбалажата на некои производи.

Можеби ќе ве интересира

Божиновска: Иднината на енергетиката e во дигиталните технологии, но најважна инвестиција останува знаењето

ДЕСК

АСОМ: Новиот закон за игри на среќа носи економски крах, 10.000 луѓе остануваат без работа, а државата губи 350 милиони евра

ДЕСК

Хуманоста на Mozzart блесна на Lazarov Awards2026 – донација од 200.000 денари во СОС Детско Село

ДЕСК