Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Кузеска: Обвинителството да ги испита наводите за закани и рекет врз бизнисмени од страна на Мицкоски

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Јавноста деновиве слушна сведоштва на бизнисмени но и на актуелни градоначалници како Христијан Мицкоски се заканувал и вршел притисоци за одредени тендери во општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ.

Шемата е иста како онаа неговиот ментор Никола Груевски и неговиот 11 годишен режим чиј дел беше и самиот Мицкоски.

Ова се сериозни обвинувања од страна на бизнисмени и градоначалници за сериозна вмешаност на Мицкоски во незаконско постапување.

Јавното обвинителство мора по допрен глас да ги истражи овие наводи.

Ова е особено важно по последната пресуда за Талир 2 и докажаните шеми на криминално функционирање на ВМРО-ДПМНЕ. Како на пример и случајот со плацевите на Водно каде меѓудругото и Никола Груевски доби судска казна со 7 години затвор и конфискување на тајниот имот

Важно е да се испита дали такви криминални шеми постојат и сега под раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да излезе од криминалната и режимска матрица, оваа партија знае само за одбрана на криминал, за закани и уцени.

ВМРО-ДПМНЕ е иста и како власт и како опозиција работи на штета на интересите на граѓаните и државата.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЦИ И ДОЖД ОВОЈ ВИКЕНД, А ОД ВТОРНИК И ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК