Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Лукаревска за ТВ 21: СДСМ останува силен поддржувач на воведување една изборна единица

Ние први бевме, пионери бевме и го ставивме тоа и во нашата предизборна програма, така што сега има колку што сум во тек Министерството за правда има организирано една работна група во која што се вклучени сите членови од политичките партии, односно претставници на политичките партии, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за емисијата Клик плус на ТВ 21.

Таа истакна дека предвид ќе се земат сите препораки и сите забелешки на релевантните домашни и меѓународни институции.

– Ќе има дебата, ќе се работи на тој процес, меѓутоа треба да ги имаме во предвид препораките од ОБСЕ и ОДИХР, тука да видиме размислувањата на ДИК, повеќе релевантни фактори, ова не е процес кој што може да се реши за месец, два, три, меѓутоа треба да биде долготраен за да може да биде имплементиран во интерес на демократијата“ заклучи Лукаревска.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК