Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Јакимовски: Грешките на Мицкоски опозијата ја држат во лер

„Партијата не може да биде ничиј заложник. Сме направиле коалиција за подобро утре. Ако гледаме дека работата не оди, тогаш не сме подготовени да соработуваме. Во изминатиов период ние голтнавме крупни грешки на Христијан Мицкоски, крупни кои опозијата ја држат во лер без функционирање во полн капацитет. Ако ви кажам дека пред локаланите избори ми демонстрираше лажни анкети, па виде дека и ние правиме анкети и беше видно вознемирен. Во минатиот период за време на полицискиот час од ГРОМ никој не одеше по кафани, тератени, кој ги правеше тие штети? Одлагаше пописи, се на штета на државата“,истакна вели градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во „Студио 10“.

Тој додаде и дека постојано трпел навреди од Мицкоски, но не можел да премине преку „она што им било направено на граѓаните“.

„Трпев и за мене што зборуваше, Стефчо е мртов човек, болен и ќе умре, мртов политичар, тој залсужи бокс да му мавнам, а не коалиција да раскинам. Односот кон мојата партија го трпев, но кога се граѓаните во прашање тоа не може да помине“, вели Јакимовски.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК