23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Фокус:Арсовска повикана во полиција, регира и СДСМ

„Ова ти е последна опомена да бидеш паметна, да си дадеш отказ од работното место. Имаш рок до четврток. Фино и културно. Ако не напуштиш, животот пекол ќе ти стане. Ќе ве масакрираме“.

Ваква заканувачка порака напишана со црвен фоломастер на лист хартија и оставена во автомобилот, на крајот на февруари ја пречекала извршната директорка на Сојузот на Стопански комори, Христина Стојановиќ а за само неколку часа возилото било запалено, пишува Фокус.

Веќе подолг период, извршната директорка и првиот човек на ССК, Трајан Ангелоски, кој ја презеде раководната позиција во Комората по изборот на Данела Арсовска за градоначалничка на Скопје се соочиле со разни притисоци и закани по нивниот живот и животот на нивните семејства, стои во текстот а Фокус.

Од нив се барало да се повлечат од раководните функции, па дури им биле дадени рокови и ултиматуми до кога треба да го направат тоа.

За овој случај и двете надлежни институции веќе отвориле предмети, а на разговор на 12 мај, годинава, според потврдени инфомации на Фокус од МВР, во полициска станица била повикана и актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.

По информациите во медиумите денеска реагираше и СДСМ.

Владејачката партија побара од Данела Арсвоска и ВМРО-ДПМНЕ да објаснат пред граѓаните дали и каква е поврзаноста на Арсовска во заканите и палењето на возилото на Стојановиќ, извршна директорка на Сојузот на стопански комори.

„Ова се сериозни индиции за голем скандал и затоа Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да одговорат: Каквва е поврзаноста на Арсовска во заканите и палаењето на возилото? Дали Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ знаеле за ова?„ стои во соопштението на СДСМ.

Досега молк од Арсовска и од ВМРО-ДПМНЕ, се очекуваат нивните реакции.