Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Богоев: Криминалот на ВМРО-ДПМНЕ е докажан преку бројни судски пресуди

Криминалот не познава дали си ти ВМРО – ДПМНЕ, дали си ти црн, бел, дали си стрејт, дали си геј, апслоутно нема врска, изјави вечерва потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев за Телевизија 24.

„Сега сето тоа го вулгализириаме и сега го користиме она дека се работи за седиште на политичка партија за тука да се прикаже во јавност дека ова сега е политички реваншизам што власта на СДСМ и коалицијата му го прави на ВМРО – ДПМНЕ, се со цел преку оваа аргументација да се сокрие фактот дека бандитско здружение беше во ВМРО – ДПМНЕ претходно, потврдено во бројни пресуди, слушнато од населението и од граѓаните во бомби, во снимки, видено и почуствувано од граѓаните на своја кожа во многу наврати во 11 години. Не е точно. Криминал е криминал, СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ, кој и да е, ова е криминал. Докажан криминал, документиран, парите завршиле за изградба на криминална зграда која што за жал е седиште на политичка партија. Јас ова го заклучувам врз основа на првостепена, сеуште не правосилна пресуда од Основен кривичен суд.“ порача Богоев од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК