Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Стевчо Јакимовски ја раскина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, обвини за обиди за рекет

По 99 месеци коалиција морам да соопштам дека таа коалиција со ВМРО-ДПМНЕ не може да опстои, рече денеска Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош.

„Се соочуваме со опструкции со подметнувања, се соочуваме омаловажувања,со навреди. Од тие причини по 99 месеци коалиција со ВМРО-ДПМНЕ морам да соопштам дека повеќе таа коалиција не може да опстои впо општина Карпош затоа што како градоначалник со моите години и искуство и со мојот карактер не можам повече да дозволам некој да си поигрува и со мене и со советот на општина Карпош но и со интересите на граѓаните на општина Карпош во којшто влегуваат и обични граѓани и стопанственици. Затоа Карпош и јас мораме да им се спротивставиме на опструкциите , на командите од еден центар, мораме да му се спротивставиме на шпицен градоначалникот“ рече Јакомовски.

„Моите разговори со Христијан Мицкоски понатаму прекиуваат, тој е единствениот виновник зошто ја растураме оваа коалиција. Останува со граѓаните на Карпош, нема да првам коалиција со СДСМ“ рече Стевчо Јакимовски.

Јакимовски беше драмтично жесток кон Мицкоски нарекувајќи го „јавен непријател“
„Повеќе тајиот непријател не можам да го трпам. Од тајни има причина да станеме и јавни непријатели. Виновник за ова не сум јас.“ рече Јакимовски.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +