Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Нови договори за полесно движење преку границите на луѓе, стоки и услуги

На самитот на Отворен Балкан што се одржува во Охрид, ќе се потпишат нови договори и меморандуми за соработка помеѓу Македонија, Србија и Албанија.

Премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање истакна дека новите договори обезбедуваат полесно движење преку границите за луѓе, услуги и стоки, но и значат конкретна европеизација и етаблирање на вредностите и практиките на ЕУ.

„Со заемното признавање на дипломи и научни звања издадени во високообразовните и другите овластени институции во трите земји, ќе ја забрзаме постапката за создавање единствен заеднички пазар на трудот. Недостатоците од работна сила најпрво ќе си ги надополнуваме меѓусебно, што е причина повеќе младите да ни бидат тука, да не ни бегаат по светот. Денеска отвораме и ново поглавје во нашата соработка во областа туризам. Отворен Балкан заеднички ќе го промовираме како регионална атрактивна туристичка дестинација“ посочи Ковачевски.

Покрај овие два договора, во Охрид се потишуваат и меморандуми за соработката во обралста на културата, но и даночната политика.

„Денеска лансираме нова соработка и во областа култура. Се договоривме за креирање Заеднички календар на културни настани што ќе донесе поголема мобилност на публиката и ќе ја поттикне културната размена. Очекувам да го зголемиме бројот на фестивалски настани во регионот, што ќе значи повеќе содржина за нашите граѓани и поголема атрактивност на регионот.
Очекувам еден ЕГЗИТ да го видиме во Северна Македонија и во Албанија. Очекувам седум-осминскиот македонски такт да се слуша се почесто и во Белград и во Тирана. Очекуваме што е можно повеќе Срби и Македонци да ја посетат Тирана, европската младинска престолнина за 2022 година.

На овој Самит ќе се потпише и Меморандумот за разбирање за соработка на даночните администрации меѓу земјите од регионот со што создаваме нова можност за полесно прекугранично движење на луѓе, стоки или услуги“ порача премиерот Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Таблетарната онколошка терапија од 4 август ќе може да се подигнува директно во аптеките

C +

Измени на Законот за полиција, кој ќе биде подобен ќе може да стане началник и веднаш откако ќе се вработи во полиција

C +

Со зголемување на старосната граница за вработување, Тошковски сака да го врати МВРО-ВМРО, алармира СДСМ

C +