СДСМ и ДУИ со своите криминогеност и штетни политики од државата протерале 215 илјади луѓе! И тоа работоспособни луѓе, без кои нема економија, истакна на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Поради криминогеноста и штетните политики на СДСМ и ДУИ, во овој период, според табелата на официјална Статистика, работа загубиле или напуштиле речиси 104 илјади вработени. Но, нив ги нема во табелата невработени затоа што и таму бројката е намалена за над 22.500 лица! И тоа лица, кои според СДСМ/ДУИ, барале работа. Бројката на оние избришаните за работа, од СДСМ/ДУИ, како што ги нарекуваат ‘неактивни баратели на работа’, е намалена за над 88.000 работоспособни луѓе. Значи, вкупно, поради политиките на СДСМ/ДУИ, Македонија загубила 215 илјади луѓе. 215 илјади работоспособни, 215 илјади луѓе работна сила! И тој тренд продолжува секојдневно со илјадници, илјадници млади, работоспособни, кои ги полнат автобусите и заминуваат во странство“, нагласи Стоилковски.
„215 илјади избегани затоа што нема нови фабрики. 215 илјади иселени затоа што нема инвестиции. 215 илјади раселени затоа што нема правдина за модуларната и автобусот на смртта! 215 илјада помалку во Македонија. Егзодус на работоспособно население поради криминал и корупција затоа што нема развој, патишта, поради партизација и криминализација, затоа што Владата ЛАЖЕ дека во Македонија се живее како во Германија! 215 илјади помалку работна сила веднаш по корона-кризата! Без луѓе – нема економија, без луѓе – нема држава“, напоменува Стоилковски.