12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Утре ќе се знае дали ќе се одземе седиштето и останатиот имот на ВМРО ДПМНЕ откако ќе се изрече пресудата за Талир 2

Утре во Основниот кривичен суд Скопје ќе се изрече пресудата за случајот „Талир 2“ кој се однесува на изградбата на централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Изрекувањето на пресудата следува откако денеска одбраната, а на минатото рочиште и обвинителството, ги дадоа своите завршни зборови. Обвинети за злоупотреба на службена положба и овластувања се експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кому му се суди во отсуство и поранешниот генерален секретар на партијата Кирил Божиновски.

Обвинителот Љубомир Лапе во своите заврши зборови побара тие да бидат прогласени за виновни, а побара и одземање на имот на партијата, меѓу кои и централниот штаб познат во јавноста како белата палата.