Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Скопјанец лажно пријавил разбојништво, ќе следува кривична пријава

Полициски службеници од Единица за внатрешни работи Карпош расчистија случај пријавен на 05.10.2021, од страна на И.Б.(39) од Скопје, според кој на 04.10.2021 околу 12.00 часот на кејот на р.Вардар, во близина на мостот „Газела“, од страна на три лица му било извршено кривично дело „разбојништво“, при што му биле одземени два мобилни телефона.

По преземени мерки и активности утврдено е дека едниот мобилен телефон од пријавата, почнувајќи од мај 2021 година, односно пред пријавувањето на кривичното дело, го користел 42-годишен скопјанец, со што се докажува дека И.Б. лажно пријавил кривично дело „разбојништво“.

Против И.Б. ќе биде поднесена кривична пријава за „лажно пријавување на кривично дело“, по чл. 366 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕА, ФОТО) СПОРЕДБА: ПРЕД ДВА МЕСЕЦИ И ДЕНЕС – Дали Преспанското има шанси да се врати?

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДРАСТИЧЕН ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ДО -10 СТЕПЕНИ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Хорор во Македонија: Силувано и уценувано малолетно девојче, а потоа едниот и барал 20.000 евра за да не се објават ексциплитни фотографии

ДЕСК