13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Фотонапонска електрана на старите рудници во РЕК, најави Ковачевски за Тера

Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски во интервју за Тера Тв, ексклузивно го соопшти проектот на кој што работат, а тоа е фотонапонска електранa на старите рудници во РЕК Битола.

„По примерот на Осломеј, Осломеј е прв таков пример, еве можам во оваа прилика јавно да кажам дека ние како компанија АД ЕСМ заедно со Владата, подготвуваме еден силен и голем капитален проект за изградба на големи фотонапонски електрани на старите рудници во РЕК Битола, кои што во фазите кога ќе се изградат треба да достигнат до 1000 мегавати инсталирана моќ и истовремено да се инсталираат и 400 мегават часови соларни батерии, кои што ќе ја акумулираат таа енергија. Таа фотонапонска електрана во целост кога ќе биде готова во сите тие фази, треба да биде една од поголемите во југоисточна Европа, меѓутоа и најголема во Европа, која што ќе биде на старите рудници од каде што се завршува ископот на јаглен и кои што, тие стари рудници треба во следна фаза да се рекултивираат и наместо да вложуваме пари во рекултивизација ние вложваме во нови, еколошки проекти, за производство на зелена енергија од сонцето, кое што ги имаме во изобилство во овој регион“ вели Ковачевски.

Спонзорирано: