Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

173 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (06.06.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 92 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 81 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

ДЕСК

Нова тура апсења на повеќе локации во Скопје: Седум лица лишени од слобода

ДЕСК

Драма во Прилеп: Граѓанин ја попречувал полицијата при службена интервенција

ДЕСК