11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

ЌЕ ИЗЛЕЗЕ СЕ’ НА ВИДЕЛИНА, МАКЕДОНСКИ ФИРМИ БИЛЕ “ВОЕНИ ПРОФЕТЕРИ”: Најавено јавно објавување на компаниите кои вештачки ги скокнаа цените во земјава!

Владата ќе објави список од сите компании што предизвикаа вештачки скок на цените откако инспекциските служби ќе утврдат дали порастот на цените е реален. Ова денеска го најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кој рече дека останува на ставот оти е направено вештачко зголемување на одредени производи.

„Дека има вртоглаво и вештачко зголемување на цените, кажав и минатата недела. Еве, два примера зошто го тврдев тоа. За само два дена маржата на добивка кај тестенина од еден производител пораснала од четири проценти, на 31 мај, на 72,5 проценти, т.е. граѓаните плаќаат 65 проценти повисока маржа на добивка за тестенина од еден производител“, изјави Битиќи одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на фабриката „Таб Мак“ во Пробиштип.

Минатата недела вицепремиерот Битиќи најави дека компаниите што ги зголемиле цените изминативе денови, откако престана важноста на владините антикризни мерки, ќе се соочат со соодветен одговор од институциите.

Тој, меѓу другото, додаде дека однесувањето на компаниите што деновиве ги зголемија цените е некоректно и неморално, а дека со внимание се следи сето она што изминативе денови се случува на слободниот пазар

Инаку, од први јуни основните прехранбени продукти – лебот, млекото, јајцата, брашното тип 400, шеќерот и маслото за јадење се продаваат со пет отсто ДДВ, откако истече времетраењето на владината антикризна мерка за нула отсто ДДВ за овие продукти. Поради тоа, цените на основните прехранбени производи се покачени за два, три, пет, па и дваесет денари, во зависност од производот и од производителот.

Спонзорирано: